Top Sport

Баерн со тешка победа ја отвори новата сезона во Бундеслигата (видео)

Баерн Минхен и под Нико Ковач имаше победнички старт на новата сезона во Бундеслигата, откако со 3:1 го совлада Хофенхајм, во меч во кој немаше едноставна задача.

Пред 75 илјади фанови на „Алијанц арената“, Баварците почнаа совршено откако Томас Милер во 23. минута беше највисок во скокот по корнерот на Кимих за водство. Меѓутоа, Хофенхајм, тимот на Јулијан Нагелсман, покажа дека пласманот во ЛШ оваа сеозна не е на среќа, откако во 57. минута, Салаи ја искористи лошата реакција на одбраната за да израмни на 1:1.

Овој резултат беше актуелен сѐ до 79. минута, кога Роберт Левандовски ја враќа предноста на Баварците со гол од пенал, за во 90. минута Арјен Робен да стави печат на победничкиот старт на обидот да се дојде до 29. титула во Германија.

Фото: ЕПА

Scroll to Top