Баерн Минхен се подготвува за живот по Мануел Нојер. Искусниот чувар на мрежата уште неколку години ќе биде прв избор на голот на баварскиот гигант, а летово во Минхен би требало да пристигне неговиот наследник, кој во блиска иднина ќе го замени на голот.
Баерн покажува серизен интерес за голманот на Адерлехт, Холанѓанецот Барт Вербруген.
„Баерн го следи голманот на Андерлехт Барт Вербруген. Се подготвува за живот по Науел Нојер. Андерлехт сака повеќе од 10 милиони евра за Холанѓанецот и се надева дека ќе го задржи на позајмица по продажбата”, пишуваат белгиските медиуми и додаваат:
„Намерата е да го испратат на позајмица, но можеби на уште повисоко ниво од белгиската лига. Сепак, сè уште нема ништо конкретно, а интерес за голманот покажуваат и англиските клубови“.
Барт Вербруген ја мина младинската селекција на НАЦ Бреда. Во Андерлехт е од 2020 година и важи за еден од најталентираните млади голмани во светот.