Top Sport

Баерн во гол-шоуто на „Алијанц арената“ го елиминираше Хофенхајм (видео)

Баерн Минхен се квалификуваше во четврт-финалето на германскиот ДФБ куп откако во гол-шоу на „Алијанц арената“ со 4:3 го победи тимот на Хофенхајм.

Гостите стигнаа до рано водство, откако во осмата минута Џером Боатенг си постигна автогол веднаш откако им беше поништен гол на Баварците преку Роберт Левандовски поради офсајд. Само пет минути подоцна Баерн израмни на 1:1 со автогол на Хубнер, а во 20. минута, Томас Милер го комплетираше пресвртот за 2:1, за до полувремето Левандовски да се запише (првпат) во листата на стрелците.

Откако Лева постигна уште еден гол во 80. минута за 4:1 се чинеше дека работата е завршена, пред Хофенхајм да постигне два гола во финишот преку Дабур во 82. и 91. минута.

Scroll to Top