Top Sport

Баерн во полуфинале и без голови (видео)

Баерн и Севилја одиграа без голови во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите, за Баварците со вкупни 2:1 да влезат во полуфиналето.

Баерн под водство на Јуп Хајнкес веќе ја обезбеди титулата од Бундеслигата, така што целосниот фокус беше на реваншот против Севилја, кој во претходното коло успеа да го шокира Манчестер јунајтед со 2:1 победа на гости.

Против стабилниот Баерн, тимот на Винченцо Монтела не успеа да ја повтори сензацијата, откако двата тима не успеаја да постигнат гол во 90-те минути на „Алијанц арената“. Сепак, Баерн се приклучува на Ливерпул, на Рома и на Реал Мадрид во полуфиналето.

Фото: ЕПА

Scroll to Top