Top Sport

Роналдо: Не сфаќам зошто Јуве се бунеа, тоа беше чист пенал (видео)

Кристијано Роналдо остана смирен во 96. минута кога застана на белата точка и го совлада Војчех Шчесни за Реал Мадрид да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Контроверзната завршница во која Реал доби пенал во 93. минута од мечот, а Џанлуиџи Буфон беше пратен во соблекувалната не го поколеба Португалецот. По мечот, тој изјави дека се намачиле против Јуве и дека добиле „лекција“, но дека пеналот бил апсолутно чист.

„Страдавме, но можеме да научиме многу од овој меч. Во фудбалот ништо не добиваш бесплатно, мораш да се бориш до крајот. Денеска Мадрид можеше да даде повеќе голови, но Јуве и Буфон беа добри. Победата е праведна. Не сфаќам зошто тие протестираа, тоа беше чист пенал, а потоа беше чист гол“, вели Роналдо.

Тој објаснува како останал смирен.

„Пулсот се забрзува, но останав смирен бидејќи знаев дека се работи за клучен момент. Во фудбалот сѐ е можно, и одиме чекор по чекор“, додава Португалецот.

Scroll to Top