Херта Берлин успеа да ги намачи германските шампиони Баерн Минхен во првите 45 минути, но на крајот тимот на Јирген Клинсман не можеше против „баварската машина“ и загуби со 0:4 на „Олимпискиот стадион“.
„Старата дама“ го пречека Баерн по низа од четири меча без пораз и изгледаше тесно во првото полувреме, пред Томас Милер во 60-тата минута да постигне гол по асистенција на Иван Перишиќ. Во 73. минута, Роберт Левандовски од пенал зголеми на 2:0, за само две минути подоцна Тијаго Алкантара да го реши победникот за 3:0. Перишиќ добриот меч го заврши со гол во 84. минута за победа на тимот на Ханс-Дитер Флик.
Баерн сега се втори на табелата со 36 поени, четири помалку од лидерите РБ Лајпциг, додека Херта се на 14. место на табелата со 19 поени.