Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран за голгетерот на Наполи, Виктор Осимен. Нигериецот треба да биде наследникот на Роберт Левандовски кој има намера да се пресели во Барселона до крајот на летниот преоден рок.
Наполи бара 100 милиони евра за Осимен, а Баерн Минхен смета дека половина од сумата ќе биде обезбедена со продажбата на Полјакот на „Камп Ноу“. Но, засега и Барселона не е подготвена да плати 50 милиони евра.
Осимен пред две години пристигна во Наполи од Лил за 70 милиони евра.