Баерн Минхен имаше „атомски старт“ на гостувањето кај Келн, постигнувајќи фантастични три гола за само 12 минути, за на крајот да стигне до 4:1 победа за враќање на првото место на табелата во Бундеслигата.
Фановите на „Рајн Енерги“, што се вели, уште не беа седнати на седиштата, а Баерн веќе ги имаше обезбедено трите поени. Роберт Левандовски во 3. минута, Кингсли Коман во 5. минута и Серж Гнабри во 12. минута го совладаа голманот Тимо Хорн за шокантен старт.
Серж Гнабри во 66. минута зголеми на 0:4, а само четири минути подоцна Келн го постигна утешниот гол преку Марко Ут. Келн останува на 14. место во Бундеслигата со 23 поени, шест поени над опасната зона. Баерн има поен предност пред РБ Лајпциг и четири пред двете Борусии.