Талентираниот тинејџер од Хамбург, Јан-Фиете Арп. се наоѓа во трансфер плановите на Баерн Минхен. Најтрофејниот германски клуб се обидува да го искористи испаѓањето на Хамбург од Бундес лигата за да го донесе 18-годишниот напаѓач.
Арп, минатата сезона, за Хамбург одигра 18 натпревари и успеа да постигне два гола.
Поранешниот европски првак Хамбург, бара 7,5 милиони евра за младиот напаѓач, со што ја одби првата понуда од Минхен која изнесувала 2,5 милиони евра.
Спортскиот директор на тимот од Хамбург, Ралф Бекер, рекол дека иако првата понуда не ги исполнила нивните очекувања, преговорите со Баерн ќе продолжат.