Top Sport

Баерн заинтересиран за најдобриот голман на СП

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен е заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез, објави „Скај спорт“. Мартинез е еден од хероите на Аргентина во походот на светската титула. Покрај со одличните одбрани, вниманието во Катар го привлече и со недоличното однесување.

Мартинез (30) на Мундијалот во Катар, беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Баерн бара голман, откако Мануел Нојер ја заврши сезоната. Германецот ја скриши ногата на скијање. Прашање е само дали Астон Вила сака да се откаже од услугите на Аргентинецот.

Scroll to Top