Top Sport

Двајца играчи биле против враќањето на Бензема

Карим Бензема не настапи за Франција на Светското првенство во Катар. Официјално најдобриот играч во светот, се повреди ден пред почетокот на првенството. Сепак, тој успеа да се рехабилитира од повредата, но и покрај тоа што бил здрав доби дозвола од селекторот да се врати во Катар.

Неофицијално, неколку играчи биле против враќањето на Бензема. Главни биле најискусните, капитенот Уго Љорис и еден од најдобрите играчи Антоан Гризман. Француските медиуми не откриваат зошто Љорис и гризман биле против Бензема.

Се шпекулира дека биле против враќањето на Бензема во репрезентацијата на претходното Европско првенство, кога Дешам поради лошата форма на останатите напаѓачи попуштил под притисокот и го вратил играчот на Реал Мадрид во тимот, кого претходно го избрка од националниот тим поради скандалот со Метју Валбуена.

Бензема вчера објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата. Од друга страна медиумите тврдат дека доколку Дешан ја напушти функцијата и на неговото место дојде Зинедин Зидан, тогаш Бензема повторно ќе настапува за Франција.

Scroll to Top