Македонија ЃП одигра без голови против ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Муарем Бајрами цело полувреме играше со фудбалер помалку и тој е задоволен од изданието.
„Мислам дека бевме одлични до црвениот картон на Матеус, а потоа моравме да менуваме, нашите планови се променија. Моравме повеќе да се фокусираме на одбраната, па потоа дојде и повредата на Емини. ЦСКА Софија останува фаворит пред реваншот, а ние имаме седум дена да се подготвиме и нема да се предадеме лесно“, изјави тренерот на Македонија ЃП.
Реваншот е во Софија следниот четврток.