Top Sport

Балак: Лесно му е на Ван Дајк да биде најдобар кога ги нема Дрогба, Ширер, Анри…

Михаел Балак, поранешен играч на Кајзерслаутерн, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси не е воодшевен од Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот е еден од предводниците на Ливерпул кој оваа сезона е блиску до освојувањето на првата шампионска титула во Англија по пауза од 30 години.

Балак смета дека Ван Дајк не е на нивото на кое биле дефанзивците во Премиерлигата во минатото.

„Ван Дајк треба да е среќен што игра во едно време во кое ги нема Дрогба, Ширер, Анри, Руни, Ван Перси, Тевез, Адебајор и Диего Коста. Не е чудно што го сметаат за најдобар дефанзивец во Премиерлигата“, рекол поранешниот германски репрезентативец.

Scroll to Top