Top Sport

„Милионерите“ потврдија – Геце заминува

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Цорк потврдил дека по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти Марио Геце. За „златното момче“ на германскиот фудбал интерес покажуваат клубови од Серија А.

Геце има 28 години, а покрај во Борусија во кариерата играл и во Баерн Минхен. Наводно интерес за него покажувале Рома, Милан и Лацио, меѓутоа не е исклучено тој да остане во Германија.

„Марио ќе не напушти ова лето“, рекол Цорк за германскиот „Скај Спорт“ и дополнил.

„Оваа одлука ја поддржаа двете страни. Марио навистина е добро момче“.

Кариерата на Геце е обележане со повреди, сеознава има одиграно само 14 натпревари.

Scroll to Top