Top Sport

Балкани и Динамо Загреб го наместиле мечот во Конференциската лига?

Динамо Загреб и Балкани од Косово се осомничени дека го наместиле натпреварот во групната фаза од оваа сезона во Конференциската лига.

На натпреварот кој се одигра во Сува Река, на отворањето на групата Ц, домаќинот Балкани комотно извојуваа победа против фаворизираниот Динамо со головите на Алмир Крјезију во 44. минута и Валид Хамиди во 83. минута од натпреварот (2:0).

Натпреварот се одигра во октомври минатата година, а дури сега е ставен под истрага поради сомнеж дека е наместен.

„Потврдувам дека се преземени сите правни дејствија по ова прашање“, изјави Лаурета Улај пред обвинителството во Приштина.

Натпреварот предизвика сомнеж и по завршувањето, со оглед на тоа што хрватскиот претставник беше фаворит противтимот кој имаше најмал коефициент во третото по ранг натпреварување на УЕФА.

По тој пораз следеа, Динамо два пати загуби од Викторија Плзењ, но и покрај очајниот старт успеаја да ја минат групната фаза и да се пласираат во осминафиналето каде што беа елиминирани од ПАОК.

Scroll to Top