Златан Ибрахимовиќ е шведски репрезентативец, додека Јован Кировски е поранешен легендарен американски фудбалер. Двајцата се добри пријатели и очигледно не можат да ги сокријат своите балкански корени.
Токму Кировски (инаку прв Американец со титула од ЛШ со Борусија Дортмунд), кој е директор во Лос Анџелес галакси беше клучен што Ибрахимовиќ играше во МЛС лигата како една од најголемите ѕвезди, а пријателството очигледно продолжува (со пура во устата).
Кировски, инаку, е роден во САД и има македонско потекло, додека Ибархимовиќ е роден во Шведска и има бошњачко и хрватско потекло… Песната која оди во позадина е од Недељко Бајиќ Баја.