Top Sport

Балотели: Бонучи треба да е среќен што јас не бев таму

По Рахим Стерлинг и Мемфис Депај, поддршка на Моизе Кен, кого во вторникот поради бојата на кожата го навредуваа навивачите на Калјари, му упати и Марио Балотели.

Балотели најмногу му се налутил на Леонардо Бонучи. Дефанзивецот на Јувентус, по мечот, рекол дека вината за навредите што ги добил Кен била „50-50“, поради начинот на кој напаѓачот го прославил голот.

„Кен знае дека голот треба да го прослави со соиграчите. Имаше расистички провокации откако го постигна голот. Матуиди исто така ги слушнал и беше лут. Мислам дека вината е пола-пола. Моизе не требаше да застане пред навивачите, а тие не треба така да реагираат“, рекол Бонучи.

Стерлинг изјавата на Бонучи ја нарекол „смешна“, а Депај му порачал дека „играчот може да слави како сака“. Балотели пак му порачал на Бонучи дека треба да биде среќен што тој не бил таму.

„Браво! Кажи му на Бонучи дека има среќа што јас не бев таму. Наместо да те брани, што прави тој? Искрено, јас сум шокиран. Те сакам брат“, напишал Балотели на „Инстаграм“.

Scroll to Top