Top Sport

Вулверхемптон го откупија договор на Раул Хименез

Членот на англиската Премиер лига, Вулверхемптон, од Бенфика го откупи договорот на напаѓачот Раул Хименез. Вулвс платија 30 милиони евра што претставува клупски рекорд.

Раул Хименез, кој на почетокот на сезоната, пристигна во Вулверхемптон со овој клуб потпишал договор до јуни 2023 година.

Хименез, досега настапил на 37 натпревари, во сите натпреварувања и успеал да постигне 15 гола. Особено се истакнал против најдобрите англиски тимови, бил стрелец против Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а по два гола постигнал во дуелите со Челси и Тотенхем.

Хименез во кариерата настапувал за Клуб Америка од Мексико, Атлетико Мадрид и Бенфика.

Scroll to Top