Top Sport

ЕСПН: На Модриќ му треба долг летен одмор

Најпознатиот американски спортски медиум „ЕСПН“, во својот кометар посветен на синоќешниот натпревар помеѓу Валенсија и реал Мадрид (2:1), најмногу критики испорачал на сметка на Лука Модриќ.

Официјално најдобриот фудбалер во светот, одигра катастрофално, а „ЕСПН“ го оцени со „петка“:

„Целосно беше во сенка на најдобриот играч на натпреварот Дани Парехо (Валенсија). Најниската точка ја достигна на почетокот на второто полувреме кога една чиста топка испрати во аут. Тој се труди, но потребен му е долг летен одмор“.

Модриќ оваа сезона има одиграно 40 натпревари за Реал, со учинок од четири гола и седум асистенции.

Scroll to Top