Марио Балотели му прости на Џорџо Кјелини за критиките, откако капитенот на Јувентус му прати копија од неговата автобиографија со посвета.
Поранешните соиграчи од италијанската репрезентација минатата недела влегоа во јавен конфликт откако Кјелини објави автобиографија и во интервју го нарече Балотели „негативен човек“ кој не помогнал на тимот во текот на Купот на конфедерации.
Но, во разговор кој го организираше ТВ-шоуто „Ла јене“, двајцата се смирија. Тие му донесоа на Балотели дрес кој тој го потпиша со пораката: „Дури иако неочекувано ми заби нож во грб, уште те сакам човеку“. Потоа двајцата разговараа преку видео-врска.
„Ова е првпат во животот ти да направиш проблем, а не јас“, се шегува Балотели на стартот.
„Ти завидувам бидејќи во животот мораш да правиш грешки да се поправаш“, одговори Кјелини.
„Тогаш јас сум совршен! Но, никогаш немаше војна момци, ви го кажував тоа цело време“, објасни Балотели.
Кјелини пак, призна дека имал несогласувања со Балотели, но додаде дека планирал да му каже за соддржината на книгата и дека ако тие работи би биле изземени би било „лажно и дволично“. Кјелини посочи дека ќе напише уште една страница во која ќе даде дообјаснување во втората едиција и дека ќе му прати посебна посвета на фудбалерот на Бреша и му порача само да ги искине страниците кои не му се допаѓаат.