Top Sport

Балотели: Мајка ми плачеше кога потпишав за Бреша

Марио Балотели открива дека неговата мајка „плачела“ од среќа кога дознала дека тој потпишал за својот клуб од детството Бреша, додавајќи дека било сон на неговиот татко да го види во овој дрес.

Иако Балотели е роден во Палермо од родители со потекло од Гана, тој се пресели во Бреша, Ломбардија на две години и семејството кое го посвои уште живее таму, иако неговиот татко неодамна почина. Бреша затоа е негов „матичен“ клуб иако тој почна во академијат ана Лумецане и никогаш не играше за Бреша.

„Се сретнав со претседателот на Бреша уште во Англија пред многу години. Мино Рајола ми ја даде идејата и не беше тешко да се склучи договор. Воопшто не се плашам. Целта е овој клуб да расне и да помогнам на соиграчите. Не ги читам весниците, ниту гледам телевизија, така што сите негативни приказни околу мене се кажувани од другите. Бреша е мој град, така што тука можам да го дадам максимумот. Мојата мајка плачеше кога и кажав дека ќе се вратам во Бреша. Мојот татко беше од Бреша, навиваше за клубот и сонуваше да ме види во овој дрес, така што сметам дека и тој е среќен“, вели Балотели.

 

View this post on Instagram

 

Finalmente torno nella MIA CITTÀ, Brescia ci sono @brescia_calcio #finallyMario #homecoming

A post shared by Mario Balotelli???‍?‍?? (@mb459) on

Scroll to Top