Top Sport

Балотели: Нека не ве лажат дека не се во Арабија за пари

Марио Балотели, контроверзниот италијански фудбалер, наводно одбил понудата да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Поранешниот играч на Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана, кој игра за Сион од 2022 година, смета дека фудбалерите одат во Саудиска Арабија за пари.

„Оние што заминаа во Саудиска Арабија велат дека не го направиле тоа поради парите. Не ми е јасно како можат да кажат такво нешто. Па, зошто одат таму? Не сум сигурен дали ќе завршеа во Азија доколку такви плати им беа понудени во Европа“, изјави Балотели.

Балотели ја коментираше и изјавата на Кристијано Роналдо дека лигата во Саудиска Арабија наскоро ќе биде во рангот на некоја од најсилните во Европа.

„Кристијано е одличен играч и го почитувам неговото мислење, но јас не мислам така. Многу големи играчи одат во Арабија, како што одеа во Кина пред неколку години, а кинеската лига никогаш не стана добра како Премиер лигата. Во тие години ми нудеа многу пари за да се преселам таму, но не сакав. Отсекогаш сакав да бидам во Европа“, изјави Балотели.

Scroll to Top