Top Sport

Ливерпул во финишот на преодниот рок понудиле 100 милиони за играч на Њукасл

Јирген Клоп во финишот на преодниот рок се обидел да заврши спектакуларен трансфер, тврдат англиските медиуми. Ливерпул за фудбалер на Њукасл понудил 100 милиони фунти. Понудата на „Сент Џејмс парк“, ја одбиле без размислување.

Ливерпул, во летниот преоден рок, изврши комплетна реконструкција во редот за врска. Нови играчи од оваа сезона се Алексис Мекалистер, Доминик Собослаи, Ватару Ендо и Рајан Грабенберх.

Сепак во последните часови од преодниот рок, Клоп се обидел да го донесе и Бразилецот од Њукасл, Бруно Гимараеш.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените“ понудиле 100 милиони евра за бразилскиот репрезентаивец. Њукасл експресно ја одбиле понудата.

Интересот на Ливерпул ги натера челниците на Њукасл да реагира и да се обиде да го продолжи договорот со одличниот играч за врска.

Преговорите биле успешни и се очекува наскоро да биде потпишан нов договор меѓу Гимараеш и Њукасл.

Scroll to Top