Top Sport

Балотели одговори на Ултрасите на Верона: Ова веќе нема врска со фудбалот

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели врати на провокациите на Ултрасите на Верона, нарекувајќи ги „неуки луѓе“ и ги предупреди сите дека „ова веќе нема врска со фудбалот“.

Ова доаѓа откако 29-годишниот Балотели луто реагираше во текот на неделниот натпревар поради наводните расистички извици од навивачите на Верона. Лука Кастелини, шефот на Ултрасите на Верона денеска изјави дека извиците кон Балотели се „фолклор и дел од навивачката култура“. Балотели одговори на Инстаграм.

„Слушајте, мои пријатели, ова веќе нема врска со фудбалот. Зборувате за социјални и историски ситуации кои се многу поголеми од вас, ситни луѓе. Вие губите. Разбудете се вие неуки луѓе“, напиша Балотели.

Тој исто така одговори на обвинувањето дека никогаш не може да биде „целосно Италијанец“.

„А кога Марио постигнува голови за Италија, тогаш беше во ред, нели?“, вели Балотели.

Кастелини претходно во контроверзно интервју ги објасни причините за извиците кон Балотели.

„Ние се исмејуваме со фудбалерите без коса, со фудбалерите со долга коса, фудбалерите од Југот и тие кои се обоени, но не го правиме тоа поради политички и расистички инстинкти. Тоа е фолклор. Ќе видите дека нема да не казнат. Извиците дојдоа само од четири луѓе кои беа слушнати од луѓето кои го снимија видеото. Балотели го слушна тоа во својата глава. Балотели е Италијанец бидејќи има италијанско државјанство, но никогаш не може да биде целосно Италијанец. И ние имаме црнец во тимот кој постигна гол вчера и сите му аплаудираме“, изјави Кастелини.

Балотели сакаше да замине од теренот откако добиваше расистички навреди (видео)

Scroll to Top