Top Sport

Балотели покажа среден прст и избувна: Не знам каква мафија сте вие…

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели преку профилот на Инстаграм ја нападна Фудбалската федерација на Швајцарија, откако неговиот тим Сион на последниот меч одигра 0:0 против Базел.

Балотели на натпреварот и им покажа среден прст на навивачите на Базел, а сега ја нарече Фудбалската на Швајцарија – мафија.

„До швајцарската федерација. Не знам каква мафија сте вие, но верувајте дека фудбалери како мене не се горди што играат во лига во која владее неправда и корупција. Фудбалот е нешто што сите мора да го сфатат сериозно. Ако судиите направат грешка, треба да платат за тоа“, истакна Балотели.

Scroll to Top