Top Sport

Балотели повторно се врати во Турција

Марио Балотели се врати во турскиот прволигаш Адана Демирспор, откако ја раскина соработката со швајцарскиот Сион. Договорот е на една сезона, со опција за уште една дополнителна година.

Поранешниот италијански репрезентативец веќе го одработи првиот тренинг со клубот во кој досега беше член македонскиот репрезентативен стопер Јован Манев.

Балотели во првиот мандат во Адана Демирспор постигна 19 гола.

 

Scroll to Top