Top Sport

Луис Енрике под притисок, ПСЖ го има најслабиот старт во последните девет години

Шпанскиот стратег Луис Енрике дојде во Париз со намера да ја освои Лигата на шампионите, но веќе е под голем притисок поради слабиот старт во Лига 1.

Неговиот тим синоќа загуби од Ница со 2:3 на домашен терен, па ПСЖ го има најслабиот старт во сезоната во последните девет години.

Во 2014 година „светците“ исто така имаа само две победи во првите пет кола во Лига 1.

Во следното коло ПСЖ го очекува дерби против Олимпик Марсеј.

 

Scroll to Top