Top Sport

Балотели проговори за можниот трансфер во Црвена звезда

Контроверзниот фудбалер Марио Балотели српските медиуми го поврзуваат со Црвена звезда. Новиот тренер Дејан Станковиќ, според овие извори, ќе се обидел да го искористи пријателството со напаѓачот за да го наговори да се пресели во Белград.

Прашање е колку е реално Балотели да го облече дресот на српскиот шампион, а по повод шпекулациите тој за италијанските медиуми порачал дека се чувствува убаво во Бреша.

„Јас сакам да останам во Бреша. Сепак последниот збор ќе го има претседателот на клубот. Јас сум дома и сакам да бидам тука и наредната година“, изјавил Балотели за „Скај Спорт“.

Поранешниот италијански репрезентативец сезонава одиграл 12 натпревари и постигнал четири гола за Бреша. Во кариерата бил играч на Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница и Олимпик Марсеј.

 

Марио Балотели доаѓа во Црвена звезда?

Scroll to Top