Top Sport

Јокиќ и Мареј им пресудија на Финикс Санс (Видео)

Српскиот цента Никола Јокиќ повторно е тема во НБА круговите. Тој полека влегува во вистинска форма, синоќа го забележа 34 трипл-дабл во кариерата. Втор пат на последните три натпревари Јокиќ запишал двоцифрени бројки во три статистички категории.
Никола Јокиќ, со 22 поени 12 скока и 10 асистенции, ги предводеше Денвер Нагетс до победата кај Финикс Санс 113:111. Србинот се наоѓа на десеттото место на вечната листа на кошаркари со најмногу „трипл-даблови“.

Покрај Јокиќ херој на Нагетс беше и Џамал Мареј. Канаѓанецот ги постигна последните поени за победа на 3,2 секунди до крајот на натпреварот. Мареј мечот го заврши со 28 поени.

Хјустон Рокетс им се реваншираа на Сакраменто Кингс за поразот од пред две недели, кога Немања Бјелица погоди тројка со звукот на сирената. „ракетите“ славеа во престолнината на Калифорнија со 113:104.

Џејмс Харден постигна 34 поени, Расел Вестбрук 28, а Клин Капела забележа 15 поени и 14 скока.

Победа забележаа и кошаркарите на Голден стејт Ворисорс. Екипата која е без своите најдобри играчи славеше во дуелот со Минесота 113:104. Дианџело расел го предводеше тимот со 30 поени.

Резултати:

Кливленд-Атланта 121:118
Детроит-Филалдлефија 109:125
Индијана-Торонто 120:115
Њујорк-Вашингтон 115:121
Орландо-Чикаго 103:95
Мајами-Јута 107:104
Мемфис-Сан Антонио 115:145
Финикс-Денвер 111:113
Портланд-Њу Орлеанс 94:102
Сакраменто-Хјустон 104:113
Голден стејт-Минесота 113.104

Scroll to Top