Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели се закани дека ќе си замине од теренот откако доби расистички навреди од навивачите на Верона при 2:1 поразот попладнево, шутирајќи ја топката во публиката.
На „Бентегоди“ во текот на второто полувреме, Балотели едноставно не можеше да изддржи и сакаше да си замине од теренот, додека неговите играчи и противничките играчи се обидуваа да го смират.
Судијата, според протоколот во Италија го прекина мечот, а преку разгласот се објави дека ако има наредни расистички навреди, мечот ќе биде откажан. Верона на крајот стигна до 2:1 победа, а самиот Балотели во 85. минута го постигна единствениот гол за Бреша.
Ова доаѓа откако во саботата судијата го прекина мечот Рома-Наполи (2:1), откако навивачите на Рома ги навредуваа наполитанците.
Scenes in Italy. Mario Balotelli, presumably in response to racist abuse from fans, picks up ball and kicks it into stands.
Here’s the aftermath.
We – football, society – need teammates/opponents to stop pleading with victims to not walk off, start walking off with them instead pic.twitter.com/wQ6rfs7j0K
— Henry Bushnell (@HenryBushnell) November 3, 2019
Balotelli’s goal…. pic.twitter.com/kJDe0PCkF6
— kaz (@psychoclownblog) November 3, 2019