Top Sport

Варди со гол број 10, „Лисиците“ продолжуваат со победите (видео)

Лестер на Брендан Роџерс ја забележа и третата победа едноподруго, триумфирајќи со 2:0 на гостувањето кај Кристал палас за да го заддржи третото место во Премиер лигата со 23 поени, само два зад Манчестер сити и осум зад лидерот Ливерпул.

По „мирното“ прво полувреме на „Селхарст парк“, турскиот дефанзивец Чаглар Сојунџу во 57. минута од мечот најдобро се снајде пред шестнаесетникот на домаќините за да донесе водство а „лисиците“, а триумфот го потврди, кој ако не Џејми Варди во 88. минута од мечот, негов 10-ти гол оваа сезона, со што тој е најдобриот стрелец во Премиер лигата.

И покрај постојаните изјави на Роџерс дека неговиот тим не е сериозен кандидат за висок пласман во Премиер лигата, Лестер има ист број на поени со четвртопласираниот Челси, пет поени пред Арсенал и дури 10 пред Манчестер јунајтед.

Scroll to Top