Top Sport

Балотели се враќа кај „аѕурите“, ќе игра ли против Македонија?

Италијанскиот селектор Роберто Манчини и официјално го врати Марио Балотели во репрезентацијата, откако беше повикан меѓу 35-те фудбалери за интернационалната пауза.

31-годишниот Балотели, кој оваа сезона игра во турскиот Адана Демирспор, се враќа во репрезентацијата првпат од септември 2018 година, кога одигра 62 минути при 1:1 ремито со Полска во Лигата на нации.

Со Балотели, Манчини ќе се обиде да ја реши кризата во нападот за европските шампиони, откако Чиро Имобиле и Андреа Белоти беа во слаба форма во последните квалификациски мечеви за Светското првенство. Македонија ќе гостува на Италија во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар во март, по што победникот ќе игра со подобриот од мечот Португалија-Турција.

Манчини и Балотели се познаваат многу добро, откако работеа заедно во Интер и во Манчестер сити, и иако има и големо пријателство, екцентричното однесување на Балотели честопати му пречеше на стратегот.

Scroll to Top