Top Sport

Балотели во војна со Бреша: Ниту еднаш не ме тестираа на КОВИД-19

Марио Балотели продолжува со војната против неговиот клуб, Бреша, тврдејќи дека никогаш не бил тестиран на КОВИД-19 од страна на италијанскиот прволигаш.

Според напаѓачот и неговиот агент Мино Рајола, Бреша се обидуваат да му го ограничат пристапот до тренинг-центарот и за да успеат во тоа тие не му направиле ниту еден тест за корона вирусот, додека неговите соиграчи неколку пати беа тестирани. Ова го прават за да се направи слика дека тој не сака да тренира за да добие отказ од клубот.

„Тие вршат дискриминација против Балотели, кој ниту еднаш не беше тестиран од Бреша“, вели Рајола во порака преку Инстаграм до Балотели, кој под тоа напиша: „Тоа е вистина“.

Според весникот „Ил месаџеро“, Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) покренала дисциплинска постапка против Бреша, бидејќи тие се обврзани да ги тестираат сите свои вработени за вирусот и може да добијат строга казна.

Балотели исто така прати писмо во кое бара да му се исплати платата за месец март.

Scroll to Top