Top Sport

Дел од „Бед блу бојс“ се извинија за болниот транспарент на нивните членови

„Бед блу бојс“ се извинија за транспарентот кој вчера се појави во Загреб со порака: „Ќе ги е.еме српските жени и деца“ и скандирањето на „Уби го Србинот“, по огромниот број на реакции во Хрватска и во Србија.

Потегот наиде на осуда и меѓу најстраствените навивачи на Динамо Загреб, кои порачаа дека треба да се оградат од „шљамот“. Дамир Маркуш, стар член на БББ преку социјалните мрежи објави дека ова е најодвратната порака која ја видел.

„Екипа, во име на БББ Кустошија јавно се извинуваме за пораката напишана и објавена вчера. Тоа е за секоја осуда и нема изговор, но морам да кажам дека тоа не е наше дело, туку на некои поединци. Одговорните ќе сносат последици, бидејќи се работи за пијани клинци. Згрозени сме од тексот на пораката и извинување до сите“, стои во пораката која ја добил Маркуш.

Полицијата во Загреб потврди дека се уапсени четири лица во врска со инцидентот.

На транспарентот дури реагираше и српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој изјави дека се работи за луѓе на кои им е потребна медицинска помош бидејќи се педофили.

„Тие луѓе мораат на лечење, бидејќи се педофили, а и силувачите секогаш одат во иста категорија како педофилите. Тоа зборува повеќе за нив, отколку за нас, нашите жени и деца“, изјави Вучиќ.

Scroll to Top