Top Sport

Банкротираниот Дренте заврши во шпанскиот третолигаш Мурсија!

Поранешното „чудо од дете“, Ројстон Дренте се приклучи на својот 12. клуб во кариерата, играјќи повторно во Шпанија, но овојпат не за Реал Мадрид, туку за третолигашот Расинг Мурсија.

33-годишниот Холанѓанец и поранешен фудбалер на Мадрид и Евертон се сели во Шпанија од холандската втора лига, каде што играше  за тимот на Козакен бојс, еден месец откако холандскиот суд го прогласи за банкротиран, со долг од 3.5 милиони евра.

Дренте ја почна кариерата во Феенорд, по што помина пет сезони како играч на Реал Мадрид по неговите фантастични игри за ЕП под 21 година во 2007, каде што со Холандија ја освои титулата и беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Дренте се пензионираше во 2016 година, најавувајќи премин во рап музиката, а лани исто така беше актер во една холандска криминалистичка серија „Мокро мафија“. Во 2018 тој се врати на фудбалот во Спарта Ротердам, пред да направи „трансфер“ во Козакен бојс.

Ексфудбалерот на Реал, Дренте, официјално банкротираше

Scroll to Top