Top Sport

Ексфудбалерот на Реал, Дренте, официјално банкротираше

Контроверзниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид, а сега член на Козакен бојс, клубот од холандската трета лига, Ројстон Рики Дренте денеска официјално банкротираше, откако од судот во провинцијата Зеланд-Вест-Брабант одлучија дека веќе не може да си ги плаќа долговите, јавува холандскиот „Футбалзон“.

Дренте, пак, изјавува дека не се плаши лесно од вакви одлуки.

„Не знам какви се деталите и што точно се случува, но мислам дека не е многу важно“, изјави Дренте, кој посочи дека проблемот бил во тоа што тој не обрнал доволно внимание, а неговиот адвокат бил на одмор.

Ова одлука на судот значи дека сите финансиски трансакции на холандскиот фудбалер ќе бидат надгледувани од контролор.

33-годишниот Дренте ја почна кариерата со Феенорд, пред да направи голем трансфер во Реал Мадрид. По само 46 натпревари во пет години, вклучувајќи позајмици во Херкулес и Евертон, тој потпиша за рускиот Аланија Владикавказ, пред да се врати во татковината.

Ројстон Дренте заврши со фудбалот и рапот, сега ќе се „проба“ како ТВ-актер

Scroll to Top