Top Sport

Барак Бахар е новиот тренер на Црвена звезда

Израелецот Барак Бахар е новиот тренер на Црвена звезда. Клубот вчера објави дека актуелниот шеф на стручниот штаб, Милош Милојевиќ, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Бахар со Црвена звезда потпиша договор о јуни 2026 година, тој ќе го предводи овој клуб на редната сезона во Лигата на шампионите.

Барак Бахар, со Макаби Хаифа, во август минатата година, ја елиминираше Црвена звезда во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. Макаби, потоа во групата во која беа ПСЖ, Бенфика и Јувентус, успеа да забележи победа во дуелот со италијанскиот великан.

Заедно со Бахар, кој во Израел од 2014 година, успеа да освои 10 трофеи, во Белград ќе пристигнат и неговите најблиски соработници асистентот Гај Карфати и тренерот на голманите Гај Вајсингер.

Scroll to Top