Top Sport

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој со пендрек го удри Филип Талески

Полицаецот, кој со пендрек го удри ракометарот на Вардар, Филип Талески, минатиот викенд, по завршувањето на финалето на Купот на Македнија, меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е суспендиран и против него се води дисциплинска постапка. Против него е поднесена и кривична пријава.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против Х. Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачјето на СВР Охрид поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на службата по член 143 став 1 од Кривичниот законик, соопшти полицијата. Пријавениот, на 13.5.2023 година, околу 20 часот, во Спортската сала ‘Билјанини извори’, во Охрид, по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф. Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х. Р. ќе поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а работникот ќе биде суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

Вардар 1961, минатата сабота, го победи Еурофарм Пелистер со 26:25 и по 16.пат во клупската историја го освои Купот на Македонија.

Фото/rkvardar.com.mk

Scroll to Top