Top Sport

Барак Обама го испофали Маркус Рашфорд

Поранешниот американски претседател Барак Обама имаше зум-разговор со напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, по што го посочи 23-годишниот Анличанец како вистински пример за тоа како младите луѓе можат да помогнат во менувањето на општеството.

Рашфорд во последните две години постојано вршеше кампања за доставување на бесплатни оброци за деца од сиромашни семејства, по што британската влада инвестираше 520 милиони фунти за програмата. Покрај тоа, Рашфорд има и кампања за едукација на децата за исхраната, како и клуб за љубители на книгата, по што минатата година беше прогласен за член на Британската Империја од кралицата Елизабета Втора.

„Многу млади луѓе кои ги среќава, вклучувајќи го и Маркус се многу понапред од моите размислувања кога имав 23 години. Тие веќе прават големи промени и се позитивна сила во нивните заедници. Дури и кога се работи за нешто на локално ниво, тоа значи позитивна промена и така секоја следна генерација ќе биде подобра“, изјави Обама.

Scroll to Top