Top Sport

Бараше фановите да се на растојание од два метри, па удри во паркирани автомобили!

Капитенот на Астон вила, Џек Грилиш го удрил својот „Ренџ ровер“ во паркирани автомобили во Бирмингем утрово, неколку часа откако преку социјалните мрежи им порачуваше на фановите да седат дома поради корона вирусот.

24-годишниот Грилиш, за кого се заинтересирани повеќе големи англиски клубови, во автомобилот бил со двајца поранешни соиграчи, оштетувајќи три паркирани автомобили, јавува „Сан“.

„Возачот ги остави своите детали на присутните, по што си заминал пешки и со него ќе биде разговарано. Има направено мала штета на околните автомобили“, изјави портпаролот на полицијата во Бирмингем.

Неколку часа претходно, Грилиш ги молеше навивачите да останат дома.

„За да спасуваме животи морате да седите дома. Излегувајте од куќата само да купите јадење, лекови или да вежбате. И секогаш внимавајте да сте на растојание од барем два метри од другиот“, беше ироничната порака на Грилиш.

Scroll to Top