Top Sport

Неверојатно промашување од Белорусија (видео)

Бидејќи во цела Европа фудбалот е „суспендиран“, на фудбалските фанатици не им останува ништо друго освен да го следат Белорускиот шампионат, каде што не само што се игра фудбал, туку има и публика на трибините.

Денешната програма ни донесе пак и едно од најголемите промашувања кои сме ги виделе оваа година на дуелот помеѓу Ислоч Минск и Смолевичи. Напаѓачот на гостинскиот клуб Иван Верас во 26. минута успеа да стигне до една топка, да го помине излезениот голман, но и да направи ужасно промашување.

На крајот, домаќините славеа со 1:0 за да се искачат на 11. место во првата лига (од 16 клуба).

Scroll to Top