Вечерва ќе ќе ги дознаеме последните три репрезентации кои ќе учествуваат на Европското првенство во Германија од 14. јуни до 14.јули. На програмата се финалните натпревари во баражите, преку Лигата на нации.
Историјата на грузискиот фудбал може да се испише на стадионот „Борис Паичадзе“ во Тбилиси. Во претходниот циклус, Грузија токуму на овој терен не успеа да ја победи Македонија.
Репрезентацијата која од клупата ја предводи поранешниот европски првак со Франција, Вили Сањол, за првпат има шанса да се пласира на едно големо натпреварување. Грузија никогаш не се радувала на голем резултат, но сега имаат историска шанса.
Грузијците лесно го совладаа Луксембург во полуфиналето од плеј-офот со резултат 2:0 и полни со самодоверба влегуваат во овој историски меч, кој актуелната генерација грузиски фудбалери може да ја запиште со златни букви во историјата на тамошниот фудбал. .
Грузија ќе ја пречека Грција.
Европските шампиони од 2004 година значително го подигнаа своето ниво на игра и откако пропуштија неколку големи натпреварувања, имаат намера да се вратат на завршните турнири.
Добро одигра и Грција во квалификациите каде беше конкурент до последното коло, но сепак покрај фудбалските велесили Франција и Холандија не можеше да стигне подалеку од третото место. Сепак тие имаат шанса преку баражот во Лигата на нации.
Од 2012 година не биле на големо натпреварување и сега е одлична можност да заминат во Германија. Рутински го елиминираа Казахстан со 5:0 на стадионот на АЕК.
Победникот од овој двомеч на ЕУРО ќе биде во група со Турција, Португалија и Чешка.
Украина по неуспехот во баражот за Светското првенство во Катар, каде беше поразена од Велс, нема намера да пропушти уште едно големо натпреварување.
Избраниците на Сергеј Ребров направија голем пресврт и остварија неверојатна победа во Зеница против Босна и Херцеговина во полуфиналето од плеј-офот, кое го добија со 2:1.
Украина беше блиску до пласман на ЕП и преку групата, но Италија имаше подобар меѓусебен скор.
Од познати причини овој натпревар се игра во Полска на арената „Тарзински“ во Вроцлав.
Ривал на Украинците ќе биде селекцијата на Исланд.
Оваа репрезентација исчезна од радарот по неверојатните резултати кои ги постигна на ЕП во 2016, кога ги елиминираа Англичаните и стигнаа до четвртфиналето, а потоа се пласираа на Светското првенство во Русија во 2018 година.
Победникот од овој натпревар на ЕУРО 2024 ќе игра во групата со Е каде се наоѓаат Белгија, Романија и Словачка.
Репрезентацијата на Велс на стадионот во Кардиф има шанса да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
Велс полесно од очекувањата ја совлада Финска (4:1) во полуфиналето од плеј-офот пред повеќе од 32.000 навивачи.
Велс двапати играше на ЕП и двата пати ја мина групата. Во Франција во 2016 година постигнаа историски успех кога играа во полуфиналето.
Противник во финалето ќе им биде Полска. Полјаците одиграа лошо во квалификациите, поради што Фернандо Сантош доби отказ, на негово место пристигна Михал Пробиерз.
Во релативно лесна група, Полјаците беа само трети, а пред нив беа Албанија и Чешка, што е голем неуспех за репрезентација која во својот состав има Роберт Левандовски.
До завршниот меч за пласман на ЕП дојдоа со убедливата победа од 5:1 над Естонија.
Победникот од дуелот во Кардиф ќе игра во групата Д во која се Франција, Холандија и Австрија.