Top Sport

Барди двапати од пенал го матираше Облак, Леванте со реми против Атлетико

Енис Барди го постигна својот 22. и 23. гол во дресот на Леванте, двата со удари од белата точка, за клубот од Валенсија да извлече 2:2 реми со шампионот Атлетико Мадрид.

Антоан Гризман го постигна својот прв гол во Ла лига по враќањето во Атлетико во 12. минута од мечот, пред Барди во 37. минута од мечот од пенал да израмни на 1:1. Сепак, изгледаше дека трите поени патуваат со „рохибланкос“ откако Матеуш Куња постигна гол по одличната асистенција на Родриго де Паул во 76. минута од мечот.

Сепак, во 87. минута беше досуден уште еден пенал за Леванте, кој Барди сигурно го реализираше за шесто реми во 11 кола за неговиот клуб, кој останува без победа во новата сезона.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top