Top Sport

Барди е лидерот на „новата“ македонска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација тешко дека ќе може да го надополни искуството, класата и лидерството кое го имаше под незаменливиот Горан Пандев, но сигурно може да добие достоен наследник на капитенската лента на раката на 26-годишниот чаирчанец, Енис Барди.

Повредите не дозволија тој да помогне Леванте да има подобар старт на сезоната во шпанската Ла лига, и неговото отсуство се покажа во клубот од Валенсија, а партијата против Ерменија во Ереван, каде што постигна хет-трик покажува дека Барди треба да биде столбот околу кој треба да се гради следниот квалификациски циклус.

Шансите за пласман во баражот за Мундијалот во Катар во 2022 уште остануваат, но под водство на селекторот Благоја Милевски, кој многу добро го познава Барди кој беше дел од неговата У-21 репрезентација која оствари историски пласман на ЕП во 2017 година, македонските фудбалски фанови може да се надеваат на подобра иднина.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Моќната Македонија ја растури Ерменија, сега „навиваме“ за Исланд!

Scroll to Top