Top Sport

Нејмар или Бетмен – фантастичниот приватен хеликоптер на Бразилецот

На Бразил му одат одлично квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022, а во тимот несомнено прва ѕвезда е фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, кој на тренинзите на „селесао“ има луксузен начин на пристигнување – со приватен хеликоптер во стилот на Бетмен.

Стилизираниот црн хеликоптер е модел на Мерцедес Ербас Х-145, според шпекулациите вреден околу 12 милиони долари, и уреден по вкус на Бразилецот. Тој честопати го користи хеликоптерот кога е во својата татковина, а неговата љубов кон Бетмен ја искажа и на друг начин, со интересна фризура. Нејмар е огромен фан на американските суперхеројски стрипови, а на грбот има тетоважи од омилените ликови – Спајдермен и Бетмен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ ?? (@neymarjr)

Scroll to Top