Top Sport

Барди и Чурлинов во идеалниот тим од нашата група во Лигата на нации

Седум фудбалери на Грузија се најдоа во идеалниот тим од нашата група во Лигата на нации. Сосема заслужено, со оглед дека Грузијците убедливо го освоија и првото место во групата. По двајца фудбалери има и од Македонија и од Бугарија, а Гибралтар нема свој претставник во најдобриот тим.

Енис Барди и Дарко Чурлинов се македонските репрезентативци кои добија најдобри оценки за настапот во годинашното издание во Лигата на нации. Тие се најдоа во идеалниот состав.

Македонија на крајот заврши како третопласирана во групата, со две победи над Гибралтар, едно реми против Бугарија во Разград и три порази.

Scroll to Top