Top Sport

Црвена Звезда ќе се засили и со Радуљица

Српскиот кошаркарски клуб Црвена Звезда ќе доведе уште едно огромно засилување за новата сезона. Првиот ривал на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, ќе го ангажира поранешниот центар на српската репрезентација, кој во кариерата настапуваше за Партизан и ФМП, Мирослав Радуљица.

Тој е второто ново име кој во кус рок доаѓа во Црвена звезда по плејмејкерот Стефан Јовиќ.

Радуљица последните пет години ги мина во Азија, а во кариерата играше и за Милвоки бакс во НБА – лигата, во Ефес Пилсен, Панатинаикос и во Армани Милано во Европа.

Scroll to Top