Енис Барди преку социјалните мрежи даде одговор на обвинувањата дека имал неважечка возачка дозвола, откако во понеделникот при рутинска контрола на полицијата во Валенсија биле утврдени неважечки документи.
Македонскиот репрезентативец објаснува дека во никој случај не се работи за лажна возачка дозвола, туку за возачка дозвола легално издадена во Македонија и дека се работи за бирократски проблем.
Барди додава дека утрово поднел официјален документ од Министерството за внатрешни работи на Македонија со кое се дозволува валидноста на документот и се надева дека со тоа ќе се решат проблемите.
Барди бил сопрен во близината на Валенсија со својот автомобил, по што полицаецот решил да го одземе возилото бидејќи документот бил издаден од Македонија, а не од земја на Европската Унија.
— Enis Bardhi (@enisbardhi10) April 6, 2021