Top Sport

Барди со асистенција, нов дебакл на Леванте во режија на Хуанми

Енис Барди повторно беше еден од најдобрите играчи на Леванте на гостувањето кај Реал Бетис, но неговиот клуб загуби со 3:1 и остана заглавен на последното место во шпанската Ла лига, како единствен клуб кој нема победа оваа сезона.

Барди уште во 7. минута му асистираше на поранешниот фудбалер на Арсенал, Шкодран Мустафи за водство на гостите на „Бенито Вилјамарин“, и Леванте го заддржа водството до 54. минута, кога на сцена стапи Хуанми.

Тој прво во 54. минута израмни по асистенција на Вилијан Жозе, за само девет минути подоцна истата комбинација да направи пресврт за 2:1 водство. Хуами во 78. минута го комплетираше хет-трикот и беше заменет.

Бетис сега на четвртото место со 27 поени, додека Леванте се последни со 7 освоени поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top