Top Sport

Покрај Јуве, под истрага е „пола“ Серија А, многу европски клубови се „тресат“?

Италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“ тврди дека Јувентус се само еден од повеќето фудбалски клубови под истрага на финансиската полиција за вештачко зголемување на сумите за трансфери, покрај Наполи, Рома, Аталанта, Џенова и Сампдорија.

Истрагата за Јувентус веќе е официјална, откако полицијата влезе во канцелариите на клубот во Торино и Милано во петокот и саботата, но според „Кориере“ ова е само почеток на проблемите за италијанскиот и европскиот фудбал. Според нивните извори ова е поширока истрага за таканареченото „plusvalenze“, односно капитални приходи кои се пријавуваат при трансфери на играчи.

Бидејќи пазарот ја диктира цената на фудбалерите, два клуба можат да се договорат за одредена сума, повисока од реалната, со што двата клуба ќе си ги „подмират“ сметките и ќе пријават огромни капитални приходи.

Најдобар пример за ова е трампата Миралем Пјаниќ-Артур Мело помеѓу Јувентус и Барселона, кога двата клуба објавија високи суми за трансфери од над 50 милиони евра, додека во реалност се разменија помалку од 20 милиони евра.

„Кориере дело спорт“ тврди дека истрагата е започната уште летото 2020 и дека под истрага се Наполи, Рома, Аталанта, Џенова и Сампдорија. Наполи веќе се под истрага во Франција за трансферот на Виктор Осимен од Лил, кој официјално чинеше 80 милиони евра, но вклучуваше 20 милиони евра во трансфери на играчи.

Јуве даде 80 милиони за Артур, Барса 70 за Пјаниќ, но двата клуба ќе запишат 50 милиони профит?

Јувентус: Соработуваме со истрагата, сите работи во клубот се законски

 

Scroll to Top